ОЈО го товари Атанасовски за здружување заради непријателска дејност

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тој вечерва беше уапсен и спроведе кај истражен судија.

Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Во моментов се очекува да започне сослушување на осомниченото лице.​

Треба да знаете
Последни објави