Прегазен пешак на „Кузман Јосифовски Питу“

На 03.12.2018 година во 17.37 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(30) од Скопје. М.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во  Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави