По 11 години криминал, корупција, неспособност и расипништво, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, денес, е опседнато со црнила и мракови, обвини СДСМ.
„’Младиот’“ Тони Михајловски и членовите на дел од подмладокот на Мицкоски црните панделки треба да ги закачат на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ – седиштето на најбогатата партија во Европа изградено во време на најголемата сиромаштија.
Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е вистинската адреса за црнилата во која Македонија беше завиена цели 11 години, тоа е симболот на криминалот и расипништвото.
Македонија, конечно, тргна во вистински правец и враќање назад кон црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, кон криминалот, изолацијата и сиромаштијата нема да има.
Црнилата завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија денес е демократска, економски перспективна земја – држава пријател на демократскиот свет“, порача владеачката партија.