Mакедонија во 2019. ќе претседава со Упрaвната група на ИЦМПД

Македонија го презеде претседателствувањето со Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ИЦМПД) за 2019 година на 71-от состанок на Управувачкиот комитет на ИЦМПД, што вчера и денеска се одржува во Виена, на кој учествуваа заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и државната секретарка Магдалена Несторовска.

За таа цел, информираат од МВР, државната секретарка Несторовска ги презентираше приоритетите на Република Македонија за 2019 година, во кои акцент беше ставен на земјите од Западен Балкан и потребата од координиран и усогласен заеднички пристап кон овие земји како транзитни земји при илегалната миграција и нивните заеднички потреби и побарувања.

На дневен ред на состанокот во Виена беа повеќе актуелни теми во врска со илегалната миграција, вклучително влијанието на Глобалниот компакт за миграција на ОН, миграцијата на Патот на свилата и Медитеранот, беше поднесен извештај за активноста на ИЦМПД за  2018 година од страна на директорот Михаел Шпинделегер, беше презентирана програмата за активности во следниот период, извештајот за Буџетот 2018, како и буџетските проекции за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави