Претседателот Ѓорге Иванов со лист хартија го покри „The Former Yugoslav“, привремената референца која се употребува во меѓународна комуникација за името на нашата држава на меѓународна конференција за климатски промени во Катовице, Полска. На тој начин пред претседателот остана само уставното име Republic of Macedonia.
Иванов претходно денеска на предавање на Универзитетот во Вроцлав, во рамки на работната посета на Полска, изјави дека Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување.