Мауро Икарди е прогласен за најдобар играч во Серија А, за 2018 година, на свечената „Гран гала дел Калчо“ церемонијата, која се одржа во Милано. Наградата за играч на годината ја доделува Здружението на професионални фудбалери.
Икарди ја прекина доминацијата на фудбалерите на Јувентус, која траеше од 2011 година, кога за најдобар беше прогласен Златан Ибрахимовиќ.
Покрај наградата за играч на годината, Аргентинецот ја доби и наградата за најдобар гол во сезоната.
Награди за животно дело добија легендарните играчи Франческо Тоти и Андреа Пирло.
Џанлука Роки е прогласен за најдобар судија.