Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очекува тежок тест против Арсенал во Премиер лигата. Тимот од Лондон се искачи на четвртото место на табелата по импресивната победа со 4:2 против големиот ривал Тотенхем во неделата, но Мурињо е категоричен дека „топџиите” сочувале некои од клучните играчи во дуелите од Лига Европа.
– Да, различно е и тоа ќе биде многу тежок натпревар за нас. Ќе играме против добар тим кој го ротира составот и дава одмор на најсилните играчи. Веќе имаме насобрано многу натпревари. Треба да играме на врвот на нашите можности. Овој момент доаѓа во декември и многу тимови ја плаќаат цената за тоа. Да си свеж сега е нешто убаво, изјави Мурињо.
Ешли Јанг е казнет и нема да игра за „Црвените ѓаволи” против Арсенал утре вечер, а неговите соиграчи Лук Шо, Ерик Баји, Фил Џонс и Крис Смолинг се со различни повреди и нивното учество е под знак прашалник.