Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ ја осуди акцијата на Русија во теснецот Керч. Русија пред околу две недели заплени три украински воени брода, заедно со нивниот екипаж, а Пленковиќ денеска истакна дека тоа е неприфатливо кршење на меѓународното право.
„Ние сме загрижени поради ситуацијата во Украина. Ова е неприфатливо и е против меѓународното право“, додаде тој.