Лука Модриќ ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – Златната топка – што значи дека е најдобар фудбалер на светот и во изборот на француското списание.
Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Меси годинава не се најде ни меѓу топ 3 – втор е Роналдо, трет е Антоан Гризман, четврти Килијан Мбапе, а Аргентинецот е на далечното петто место.
По свеченото доделување на Златната топка, Французите го прашаа 33-годишниот Модриќ дали би ја менувал оваа награда за светско злато со хрватската репрезентација.
„Светско првентсво или Златна топка? Да можам да бирам, дефинитивно повеќе би сакал да го освоевме Светското. Секогаш кажувам дека колективните трофеи за најважни и секогаш би менувал индивудуална награда за победа на Светското првенство со Хрватска. Тоа е така. Ова за мене е голема награда, но да можам, би ја дал за Светското првенство“, одговори капитенот на хрваската репрезентација која беше второпласирана на Мундијалот во Русија, каде златото го понесоа токму Французите.