Откако Лука Модриќ ја доби престижната Златна топка, се огласи и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Кристијано Роналдо беше меѓу кандидатите за освојување на престижната награда, но сепак Златната топка заврши во рацете на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Сепак, според тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, Златната топка ја заслужил Кристијано Роналдо.
„Тоа е разочарување, затоа што Роналдо очигледно заслужи да ја освои оваа награда поради се што направи со Реал Мадрид. Со Португалија на Мундијалот не можеше да оди подалеку. Неговата следна мотивација е да ја освои Златната топка во дресот на Јувентус“, изјави Масимилијано Алегри.