Возачи на Брза Помош во Романија по истрага дека краделе бензин од возилата

16 возачи на Брзата помош во Романија се под истрага бидејќи се осомничени за крадење на бензин од возилата, што можело да доведе до смрт на осум пациенти.

Обвинителот, Маријан Сорин Лија рече дека возачите од градот Корабија, на југот на земјата, биле осомничени за кражба на бензин од 2013 до 2015 година.

Тие како што соопштија властите за време на итните случаи возеле побавно со возилата со цел да потрошат што е можно помалку бензин. Исто така, тие се под истрага за проневера и лажно сведочење.

Романскиот обвинител изјави дека можеби постои можност нивните дејства да имаат врска со осум смртни случаи додека полека возеле до болниците.

Возачите се суспендирани додека истрагата е во тек, објави агенцијата АП.

Романската министерка за здравство, Сорина Пинтеа, рече дека е „премногу рано” да се каже дека ова кривично дело довело до смрт на пациентите.

Треба да знаете
Последни објави