Можеби сте забележале дека во текот на зимата кожата на лицето е посува, исто како и кожата на рацете. На кој начин студеното време влијае на кожата и зошто во зима побрзо старееме?
Еве што велат дерматолозите:
1. Воздухот е посув
Во зима воздухот е посув и постуден, а тоа не влијае баш најдобро на кожата бидејќи се нарушува нејзината природна рамнотежа.
„Сувиот воздух и непријателските услови кои владеат во текот на зимата предизвикуваат црвенило и изразена чувствителност. Тоа со текот на времето придонесува за забрзано стареење на кожата“, вели дерматологот Тед Лејн.
2. Под поголем стрес
Сезоната на празници и очекувањата што ги имаме во тој период го подигаат нивото на стрес, на кој и така сме изложени.
„Порастот на нивото на кортизол, хормонот на стрес, влијае и на кожата, предизвикувајќи полоша состојба на тонусот и текстурата со што се придонесува на предвремено стареење“, вели доктор Лејн.
Советува да најдеме време за релаксирање, за некој добар филм и посета на спа центар.
3. Туширање со премногу топла вода
Во текот на зимата некои луѓе имаат обичај да се капат со жешка вода, но премногу топлата вода дополнително ја суши кожата, ги измива природните масти од кожата и затоа станува сува и чувствителна.
„Затоа е најдобро да туширате со млака вода, а потоа веднаш да нанесете хидратен крем или млеко за тело“, вели д-р Денди Енгелман, дерматолог од Њујорк.
4. Не користите крема за раце
Во зима морате да ги миете рацете на секој час, а исто така тоа е еден од најефективните начини да се заштитите од грип. По секое миење употребувајте крема за раце.