Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред Владата најави жестока победа на опозоцијата веќе на претседателските избори, обраќајќи се на премиерот Зоран Заев пред илјадниците граѓани собрани на Илинденска.
-Заедно да се мобилизираме и да им го нанесе најголемиот порза во истоирјата на следните претседателски избори. Без око да им трепне тие го менуваат името на државата. Нека излезе човекот што беше предводник на оваа операција, човекот што се храни од овие граѓани, човекот што ги користи сите привилегии, тој човек кој го нарече овој народ искомплексиран, не господине Димитров ние не сме искомплексирани. Излезете и јавно извинете се, изјави Мицкоски.
Тој рече дека од државата ќе побара да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови и насмејани лица во следната 2019 година.
-Ако тоа не ни го овозможи оваа влада, ќе ја смениме и ќе дојде друга влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и сето ова што пред вас го зборувам ќе го исполниме. Сонот на секој граѓанин е да ги гледа своите најблиски среќни и весели, но луѓето стануваат се поразочарани, гледајќи дека нема иднина. Оваа влада неможе да понуди ништо со што квалитетот на животот ќе биде подобрен. Секаде околу нас гледаме нешто што само со еден збор може да се опише, а тоа се црнила, изјави Мицкоски.
Според него, оваа власт удри по секого по секој граѓанин, го замајавуваат народот со монтирани политички процеси, но партијата е тука да крене глас против „Кацарска судството“ и Русковска обвинителството“.
-Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „Кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „Русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, рече Мицкоски.
Лидерот на опозоцијата ја нарече Владата „ловци“ на македонскиот народ и праша како може да веруваме дека има независно обвинителство кога ќе излезе министерот за внатрешни работи и ќе каже материјалите се на безбедно.
-А каде се материјалите, кај него во фиока за да може да ги уценува обвинителите и судиите. Ќе дехидрират од плукање по мене, а притоа не гледаат дека државата пропаѓа, народот си оди. Малку е што сакаат да ни земат јазикот, индентитетот, сега удрија и по лебот, ни го поскапуваат. Вода нема чиста никаде, загаден воздухот, луѓето сиромашни и обесправени. Ќе дојде денот кога ќе платат и за лебот и за водата. А згора на тоа не убедуваат дека црното е бело. Ќе протестираме против ова гнило политичко мочуриште спроти мене, во кое гнијат овие политичари, рече Мицкоски.
Валентина Ангеловска
Игор Шегавиќ