Оливер Спасовски и Зоран Заев сеуште молчат и не си поднесуваат оставка за скандалот со нелегалното прислушување на обвинтиелите и обвинителството, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Цели 2 години, од 30 септември 2016 па навака до сега, биле прислушувани обвинителите од обвинителството и нивните соработници, а сеуште после 6 дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак одговорност и оставки. Заев и Оливер веднаш треба да си поднесат оставки. Заев и Оливер се двајцата најодговорни за ова што се случува изминатите 2 години и Заев и Оливер кога тогаш ќе ја сносат одговорност за сите работи што се случуваат. Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси?Ова се прашањата кои треба Заев и Оливер да ги одговорат и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави“, рече тој.