Бугарските студенти на ракија во Македонија, Македонците на Спа во Бугарија

Криза и беспарица? Навика постојано да се повторува решеницата или вистинска состојба кај македонските семејства. Судејќи по резервациите направени по бугарските хотели македонските граѓани се далеку од криза.

Валентина Анеловска

Голем дел од Македонците брцнале длабко во џебовите и направиле резервации по спа центрите. Два дена пред државниот празник Свети Климент Охридски хотелите во Банско и Боровец немаат слободно место за резервации за претстојниот викенд. Од хотелите велат дека се преполни со македонски туристи иако нема продложен викенд.

Од друга страна пак бугарските туристички работници со бесни на македонските хотелиери. Велат дека деновите пред нивниот студенскиот празник 8 декември, македонските понуди им ги зеле нивните студенти.

Студенти од Ќустендил, кои се обучуваат на Софискиот универзитет, организираат пријатели и колеги да слават 8 декември во Македонија, пишуваат бугарските медиуми.

-Таму цените се многу пониски. Околните хотели и ресторани нудат пакетни цени од 66 до 100 лева. Пакетите вклучуваат ноќевање, празнична вечера со богато мени и неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и жива музика , коментира ќустендилката Гајла Георгиева, која е студентка во втора година на економскиот факултет во Софија.

Таа вели дека на почетокот на ноември отишла со пријатели во еден комплекс во Македонија.

-Имам впечаток дека храната има поинаков вкус од нашата. Во текот на вечерта келнерите носеа вода, безалкохолни пијалаци, разни видови алкохол- вино, ракија, пиво. Особено е вкусна нивната  ракија, има неверојатна арома и одлична боја. Келнерот стои на масата и континуирано носи. Количините не се ограничени тука, во Бугарија се 50 грама алкохол, и така … За јадење исто така е така. Во големи количини се носат салати специјалитет. Шведска маса. Секој става онолку колку што може да јаде. Сакав два десерти и ми донесе без да платам ништо , вели Галја Георгиева.

За неа единствениот проблем бил тоа што оркестарот бил на полноќ.

-Сепак, ние се надеваме на студентски празник да го реши подоцна “, рече студентот.

Оклу 120 лева е највисоката понуда за претстојниот празник на учениците во Ќустендил, дополнува Рени Стојчева, организатор на туристички патувања и одмори во Ќустендил. Цената за Македонија вклучува две ноќевања со појадок, празнична вечера и музичка вечер, како и користење на предложените дополнителни услуги во хотел во градот. Веќе има и направени резервации- велат бугарските студенти.

 

Треба да знаете
Последни објави