Популарниот „Ибракадабра”, Златан Ибрахимовиќ изминативе месеци постојано е главна вест во италијанските медиуми, а приказната е за неговото евентуално враќање на „Сан Сиро“ во редовите на Милан.
На тоа се надоврза со изјава и Ибрахимовиќ запрашан , кој појасни дека интерес има и од две страни, а како ќе заврши приказната никој не знае.
– Видете едно е јасно, а тоа е дека има обострана заинтересиранот. Не е веќе тајна дека Милан сака да ме види во нивниот дрес. Дали можам да потврдам дека ќе играм таму или нема, не можам да кажам во моментов. Да почекаме малку. Останува опција уште една година да играм за тимот на ЛА. Ќе видиме со Раиола – изјави Ибра.