„Двоглав орел“ – збор на годината во Швајцарија
Откако швајцарски фудбалери, по потекло од Косово, кои на Мундијалот во Русија со рацете го прикажуваа симболот на двоглав орел, се разви полемика и поделеност во Швајцарија, па зборот ја доби титулата „Збор на годината“.
Двоглав орел (doppeladler) покажуваа фудбалерите Џердан Шаќири и Гранит Џака, по што беше поставено и прашањето за лојалност на странците кон Швајцарија кои имаат двојно државјанство.
„Двоглавиот орел во 2018 година предизвика голема бура и уште долго ќе се спомнува во дебатите“, се наведува во образложението на одлуката на Циришкиот универзитет за применета наука.
Зборот победи и во германското и италијанско говорно подрачје. При изборот на „Збор на годината“, Универзитетот анализираше архива текстови објавени во Швајцарија, а жирито предвид го имаше и она за што се зборуваше во текот на годината.
„Збор на годината“ во Швајцарија се избира од 2003 година, а од минатата година одговорноста ја презеде департментот за применета лингвистика.