Во ЈДГ „Весели Цветови”, во објектот „Мимоза” дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во истиот пред нивните родители, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги покажаа своите актерски способности, изведувајќи приредба насловена „Црвенкапа во есен”.
Децата кои одлично ја изведоа приредбата, која се одржа по повод испраќањето на есента, од градоначалникот Темелковски добија полна корпа со разни видови овошје.
Есенската приказна ќе продолжи да се одвива и во другите објекти на ЈДГ „Весели Цветови”, во кои ќе се одржат приредби, работилници и изложби.
Овој месец во објектите на истата градинка ќе се организира новогодишен базар. За таа цел, децата заедно со родителите и воспитувачките ќе изработуваат новогодишни украси и подароци. Средствата од продажбата на истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за потребите на градинката.