Мажот и пишал дека со синот одат да умрат, ама шефовите не и дозволиле да оди да провери
Страшна трагедија го погоди семејството на полицајката Евгенија од Нижни Новгород, град на истокот од Руска Федерација.
Сопругот на Евгенија го убил малиот Артјом (4), нивниот син за да ја „спаси сопругата од неволји“.
Соседите велат дека малото семејство живеело мирно. Единствено што Евгенија напорно работела зошто има таква работа, полицаец во локалното МВР. Однеодамна бил под големо оптоварување зошто стигнало ново раководство.
Евгенија работела во локалното МВР и поради тоа сопругот и бил љубоморен.
Мажот на Евгенија станал љубоморен и почнал да прави сцени. Така било и кобната вечер кога таа тргнала на дежурство. По некое време испратил чудна СМС порака: „Отидовме да умреме“.
Вознемирената жена сакала веднаш да оди дома и да провери што се случува, но новите шефови не и дозволиле.
Биле навидум среќно семејство: Малечкиот Артјом имал само 4 години.
По неколку часа и испратил нова порака: „Те спасив од непотребна неволја“.
Кога утрото конечно стигнала дома, ја дочекала мртва тишина. Евгенија панично го барала детето. Го пронашла подоцна во текот на денот зад гаражата. Малечкиот имал траги на насилна смрт, пренесоа медиумите,
Таткото наводно го зел малиот Артјом од градинка и го довел дома. Тогаш и го убил.