Аудатекс“ е компанија од групацијата Солера, која нуди иновативни и економски ефикасни решенија за осигурителни компании, автo сервиси, вешти лица и проценители развиени заедно со најдобрите професионалци од авто-индустријата од целиот свет, според највисоките стандарди и барања на производителите на автомобили.
На 24. октомври годинава се одржа советување на експертите од страна на „Аудатекс“. На советувањето беа поканети менаџери и вработени во осигурителни компании, вешти лица и проценители, како и експерти за осигурување од Република Македонија кои имаа можност да присуствуваат на презентацијата на новите услуги коишто ги нуди „Аудатекс“.
Компанијата е застапена на Македонскиот пазар од 2014 година и се етаблира како лидер во обезбедувањето решенија за обработка на штети на возила. Со повеќе од 75% пазарно учество, „Аудатекс“ е најпосакуван партнер на осигурителните компании на територијата на Република Македонија.