Вучиќ: Албанците имаат големо влијание во Македонија и Црна Гора

Албанците имаат големо влијание врз властите во Македонија, а ситуацијата е слична и во Црна Гора, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк по повод изјавата на косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, за создавање на неформален анти-српски пакт во регионот.

Тоа што Хоџај го дематираше насловот, во кој наведува дека Косово работи на создавање на антисрпски пакт, ништо не менува, оцени Вучиќ, посочувајќи да ако се прочита интервјуто, во него сето тоа стои, суштината е таа, единствено што можеби не го употребил зборот “пакт”.

-Дали тоа го работат? Слушајте, тие имаат 25 отсто Албанци во Македонија кои се на власт. Без нив нема власт во Македонија и тие имаат значително влијание. Во Црна Гора ситуацијата е повеќе или помалку слична, истакна српскиот претседател.

Тој додаде дрка во Црна Гора постои изразена антисрпска кампања, која за Србија  е многу тешка и дека Србија се обидува да го избегне конфликтот со црногорската држава.

Зборувајќи за апсењето на Небојша Медојевиќ и за случајот со Никола Груевски, тој рече дека нема право да се меша во внатрешните работи на други земји, но исто така забележа дека ако се разгледаат причините за нивниот прогон, Србија би била осудена од целиот свет, истото тоа да го направила.

-За нас би каѓале дека сме диктатура, дека ги прогонуваме луѓето поради изговорениот збор, дури и ако тоа е клевета. Можете за закана да прогонувате, но немојте политички противници за клевета, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Србија имала слична ситуација како со обвинувањата на сметка на Груевски поради купување на блиндирано возило, кога разузнавачката служба БИА ги менуваше своите акти за да обезбеди блиндиран мерцедес вреден 600.000 евра за поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Треба да знаете
Последни објави