Невен Суботиќ заработи хорор повреда на вчерашниот натпревар кој Сент Етјен го одигра против Бордо.
Српскиот стопер по еден судир својот голман падна на теренот и одреден момент остана без свест. Суботиќ беше целиот во крв и веднаш беше префрлен во болница каде ќе остане во следните неколку дена на детални испитувања.
Денес до Суботиќ стигна поддршка и од неговиот поранешен клуб во кој ги одигра своите најдобри партии во кариерата, Борусија Дортмунд. „Милионерите“ преку својот Твитер профил се огласија и му дадоа поддршка на големиот борец.
– Му посакуваме брзо заздравување на Невен Суботиќ. Знаеме дека си борец и се надеваме дека наскоро ќе те видиме на теренот – гласеше во пораката на официјалната Твитер страна на Борусија Дортмунт. Се уште не е позната тежината на повредата на Суботиќ, но едно е јасно, тоа што се случи вчера беше страшно за гледање.