Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат општина Кисела Вода и Сарај.
Во период од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од дел од улицата Христо Татарчев, поточно подулица 14, додека во период од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од улица 1520 во општина Kисела Вода.
Во општина Сарај без струја ќе останат корисниците дел од село Долно Свиларе во период од 09:30 до 15:00 часот.