Манчестер Јунајтед и Арсенал вчеравечер одиграа возбудливо дерби во 15. коло на англиската Премиер лига, што заврши нерешено 2:2.
Арсенал дојде до водство во 26-тата минута благодарение на огромната грешка на шпанскиот голман Давид де Хеа кој дозволи топката да му се лизне низ прсти.
Неверојатниот пропуст на најдобриот голман на светот потсети на грешката што ја направи голманот на Евертон Пикфорд на натпреварот против Ливерпул минатиот викенд.
Според Шпанецот, вината за незадоволителните резултати лежи во самите играчи, а вечерва и го докажа тоа.
– Досега сезоната е лоша за нас. Тој е тренерот, но ние треба да сме обединети. Сите заедно. Играчи, тренер, менаџер – сите да се обидеме да одиме во една насока. Има многу критики кон тренерот, но на теренот излегуваат играчите. Тие се оние кои бележат голови. Сите треба да размислиме што можеме да подобриме. Пласманот ни е многу лош. Ние сме Манчестер Јунајтед и треба да се бориме за титулата. Заостанувањето, сепак, е големо. Целта е да завршиме во првите 4, изјави вчера Де Хеа пред дербито.