Килијан Мбапе во понеделникот на изборот за Златна топка беше прогласен за најдобар млад фудбалер за 2018-та година, а на конечната листа на најдобри фудалери на светот беше четврти.
Мбапе зад себе има сезона за паметење – во дресот на ПСЖ ја освои двојната круна во Франција, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во Русија.
Тој во разговор за француските медиуми, проговори за противниците со кои што се натпреварувал оваа година и го откри името на најдобриот од нив.
„Без дилема тоа е Еден Азар. Тој е најдобриот играч против кого играв оваа година. Најмногу ме импресионираше. Тоа беше натпреварот од полуфиналето на Мундијалот против Белгија. Леснотијата со која што игра е неверојатна. Визијата која што ја поседува ме воодушеви, тој е навистина фантастичен фудбалер“, изјави Килијан Мбапе.