Мицкоски вечерва во посета на ОК Карпош
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва бил во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде што остварил средба со голем број членови и симпатизери на партијата, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на средбите тој го коментирал последниот скандал со прислушувањето на обвинителството и судството кое, како што тој тврди, се случувало во време на министерувањето на Спасовски и целиот период од владеењето на премиерот Заев.
Од Центарот за комуникации посочија дека Мицкоски на своите сопартијци им посочил дека никој во историјата на Македонија не извршил таков упад во правосудниот систем како што тоа сега го прави Заев, и сега она што се случува не е само уценето обвинителство и судство туку и нарачани и притиснати сведоци кои ќе сведочат по нарачка.
„Ние сме сведоци на нов модел на кацарска-судство, коешто го брендиравме, и рускоска-обвинителството, но денеска еве сведоци сме дека покрај кацарска-судството и рускоска -бвинителството имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе коишто сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него“, потенцирал Мицкоски пред сопартијците.
Тој истакнал дека СДСМ има две цели, од кои едната – да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување преку монтирани политички случаи. Втората цел, како што тврди Мицкоски, е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања.