Само затоа што некои работи цел живот ги правите исто, не значи дека нема простор за промени.
Затоа во продолжение ви носиме еден совет кој нема да ви го промени животот, но можеби ќе го промени начинот на кој ја украсувате вашата Новогодишна елка.
Имено дизајнер, сите оние кои новогодишните сијалички на елката ги поставуваат кружно околу елката – ги советува дека најдобро е тие да се постават вертикално.
„На овој начин секое гранче од дрвото ќе свети“, вели дизајнерот, кој препорачува сијаличките да почнете да ги поставувате од врвот и да висат до дното на вашата елка. Кога ќе дојдете до дното, вратете се нагоре.
Оддалеченоста меѓу редовите нека биде 10-на сантиметри, а постапката повторувајте ја сè додека не ја покриете целата елка. Кога и внатрешноста на елката ќе свети, тогаш поставете сјајни украси, од кои светлото од сијаличките ќе се рефлектира.
За тоа како треба да изгледа постапката за ставање сијалички, погледнете во видеото подолу.