Папата Франциск ќе го посети Абу Даби во февруари следната година за да присуствува на меѓурелигиски состанок, објавија од Ватикан.
Патувањето во Обединетите Арапски Емирати, земја во која доминира исламот, ќе трае од 3 до 5 февруари.
Ватикан соопшти дека папата ја прифатил поканата на шеикот Мохамед бин Зајед Ел Нахјан, принцот престолонаследник на Абу Даби, да ја посети малата католичка заедница во овој емират.