Украинската Врховна Рада ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за укинување на договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија.
„Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде укинат на 1. април 2019 година“, се наведува во соопштението за предлогот, а пренесе руската агенција „Тасс“.
Агенцијата соопшти дека за поддршка на одлуката на претседателот гласале 277 пратеници, а потребни биле најмалку 226 гласа за предлогот да биде усвоен.