Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија Н.Е. Војциех Тицињски.
Министерот Спасовски му посака добредојде и успех на амбасадорот Тицињски во извршувањето на својата одговорна работа за унапредување на односите меѓу двете земји.
На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, како и соработката во голем број области од заемен интерес. Двајцата соговорници разговараа за присуството на полските полициски службеници кои спроведуваат заеднички активности за зголемена контрола и надзор на јужната граница на Република Македонија, како и за натамошно продлабочување на досегашната меѓусебна соработка.