Соединетите Американски Држави се простиле од Џорџ Буш Постариот. На церемонијата, меѓу другите, биле и сегашниот претседател на Америка и неговата сопруга, Доналд и Меланија Трамп, како и поранешните претседатели со сопругите – Бил и Хилари Клинтон и Барак и Мишел Обама.
Медиумите посебно биле заинтересирани за еден настан кој се случил откако Џорџ Буш Помладиот влегол во црквата.
Тој се поздравил со сегашниот претседател, неговата сопруга, па со неговите претходници и нивните сопруги. Сепак, Мишел Обама добила посебен подарок.
Во еден момент Буш извадил нешто од својот џеб и ѝ го подал на Мишел, а таа се заблагодарила и се насмеала. Се претпоставува дека станува збор за чоколадо.
Сопругата на Обама од Буш Постариот се простила на Инстаграм со емотивен пост во кој изразила восхитување кон поранешниот претседател.
При една од последните средби со постариот Буш, Мишел добила чоколадо, па се претпоставува дека Буш Помладиот денес го повторил гестот на својот татко.