Научниците од Универзитетот во Падова откриле дека мажите чии родители биле изложени на високи нивоа на перфлуороалкилни супстанции (ПФЦ) би можеле да имаат „значително пократки пениси”, пишува Daily Mail. Во Падова во 1977 година дошло до загадување на водите со ПФЦ соединенија, па генерациите реодени по 1978 годин имаат ваков проблем.
Истражувањата покажале дека перфлуороалкилните супстанции, основните состојки на водо-отпорната облека, амбалажи за производи кои не се замастуваат како и тави за печење со дно н кое не се лепи храната може да го намалат нивото на тестостерон во крвта, што може да доведе до пократок и потенок пенис.
Научниците откриле дека мажите кои пораснале во области загадени со ПФЦ имаат 12,5 проценти пократок и 6,3 проценти потесен пенис отколку здравите мажи. Ефектот на ПФЦсоединенијата врз здравјето на пенисот може да се види веќе во матката на мајката, а соединенијата може негативно да влијаат на тинејџерите.
Италијанскиот град Падова, холандскиот Дордрехт, кинескиот Шандонг и американската држава Западна Вирџинија се познати по високите концентрации на ПФЦ соединенија. Таквите соединенија се дел од политетрафлуороетилен, хемиско соединение кое ја формира основата на тефлонот, супстанца со која се обложуваат тавите за печење. ПФЦ соединенијата беа дел од тефлонот до 2013 година, кога тие престанаа да се користат за оваа намена.
Истражувачите дошле до овој заклучок со мерење на пенисите на 383 мажи на просечна возраст од 18 години. Сто и дванаесет мажи кои учествувале во студијата пораснале во областа Падова, додека 171 учесник на студијата пораснале далеку од контаминираната област.
Опуштените пениси кај мажите кои растеле во областа без контаминација биле со просечна должина од 10 сантиметри, додека пенисите на мажите од загаденото подрачје биле просечно долги 8,75 сантиметри.
Италијанските научници откриле дека ПФЦ се прилепува за рецепторите на тестостеронот и така го намалува нивото на овој хормон во телото на мажот. Како резултат на тоа, мажите израснуваат со пократки пениси, помалку здрава и мобилна сперма како и со помало растојание меѓу тестисите и анусот.