Најсјајната комета, наречена “46P/Wirtanen”, наредната недела ќе мине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10-те најблиски средби со таков вид на небесно тело од 1950-та година, и меѓу 20-те најблиски од 9-тиот век.
Како што се наведува кометата ќе биде најблиски до Сонцето наредната среда, на 12-ти декември, а до Земјата на 16-ти декември и ќе мине покрај нашата планета на оддалеченост од 11.265.408 километри.
Како што се наведува, кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа низ двогледи и мали телескопи, посебно надвор од градовите.
Со оглед на тоа дека кометата неколку недели ќе минува покрај Земјата, научниците на НАСА ќе имаат можност детално да ја проучат.
Одделението за астрономија при Универзитетот во Мичиген соопштило дека “нема шанси кометата да ја погоди Земјата”.