Австралискиот суд во четвртокот ја поништи пресудата за поранешниот бискуп, кој беше најстариот католички свештеник во светот обвинет за прикривање на сексуална злоупотреба на деца.
Судијата Рој Елис пресудил во корист на поранешниот бискуп, Филип Вилсон кој поднел жалба против пресудата донесена против него во мај. Вилсон е и поранешен претседател на највисокото тело на австралиската католичка црква.
„Жалбата е прифатена. Пресудата и наредбите на локалниот суд се поништени“, се вели во одлуката на судот.
Вилсон беше обвинет за прикривање сексуална злоупотреба од страна на отецот Џејмс Флечер, откако две жртви му кажале за истата во 1976 година. Адвокатите на Вилсон тврдеа дека тој не знале дека Флечер злоупотребил момче. Флечер беше обвинет во 2004 година по девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца, а дв години подцна почина во затворот од срцев удар.