Украинскиот Парламент, Врховната Рада денеска ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за раскинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија.
-Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде раскинат на 1 април 2019 година, се наведува во образложението на предлогот.
Одлуката за раскинување на Договорот беше поддржана од 277 пратеници. За нејзино усвојување беа потребни 226 гласа.