Марио Балотели оваа сезона не игра на своето ниво во дресот на Ница, па голема е веројатноста да го напушти клубот по крајот на оваа сезона.
Балотели пристигна во Ница пред две години, а иако на почетокот играше одлично во својот нов клуб, се чини дека во последно време не може да ја пронајде својата форма.
„Ние мислевме дека Марио ќе си оди, па така го пропушти периодот за подготовка. Мислам дека секој играч кој ќе ги пропушти подготовките не може да ја пронајде својата форма во првиот дел од сезоната“, изјави претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривера и додаде:
„Успеа да ја врати физичката сила, но не постига голови и жал ми е поради тоа. Го нема загубено талентот, само му е потребно време. Продолжување на договорот? Не, мислам дека нема да дојде до тоа кога на лето ќе му истече договорот“, изјави Жан-Пјер Ривера.