Тимот на Јувентус со години одлично работи на пазарот и во кроењето на составот кој ќе биде конкурентен во сите натпреварувања, а еден од играчите кој се покажа како одлична аквизиција и засилување секако е Алекс Сандро.
Тој од 2015 година дојде во Торино од Порто и со своите партии за кратко време се наметна и сега е незаменлив дел од „бјанконерите“. Токму поради ова Јувентус сакаше на подолг временски период да ги обезбеди неговиот услуги и на крајот се чини успеа во таа намера.
Имено голем број на медиуми на Апенините пренесуваат дека Бразилецот и клубот си подале рака за нов договор до 2023 година. Ако ова е точно ќе се стави крај на една приказна во која Јуве одново излезе како победник и тоа во борбата со премиерлигашите со оглед на тоа што Челси, Манчестер Јунајтед изминативе години пројавуваа силен и сериозен интерес за него.