Илјадници граѓани излегоа на протест во Будимпешта против новиот предлог закон за работа

Илјада Унгарци протестираа во Будимпешта против новиот предлог закон за работа, кој им овозможува на работодавците да бараат од вработените до 400 часа прекувремена работа годишно. Критичарите го нарекуваат овој предлог закон ропски, пренесе Ројтерс.

Членовите на синдикатот и нивните приврзаници носеа транспаренти со натписи „Протестираме против ропскиот закон“.

Предлог законот за работа е поднесен во парламентот оваа недела и наиде на остри критики, предизвикувајќи најмасовни протести за повеќе од една година, наведува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави