Понуда за брак со шест прстени
Американецот Денис Браун одлучил на својата девојка да ` понуди брак, но сакал тој настан засекогаш да ѝ остане во сеќавање.
Наместо да клекне и да ја побара идната сопруга со (еден) прстен што ќе ја воодушеви, тој се одлучил дури за 6! Неговата девојка Атара Далас пред себе имала кутија во облик на срце со навистина голем избор.
Денис, кој е модел и фитнес-ентузијаст, исто така ангажирал и професионалци со цел овој ден да биде навистина незаборавен. Освен фотограф, цвеќар и стилист, тој, исто така, ангажирал и компанија за планирање настани.
За среќа, Атар не е тип на човек кој се срами од јавно покажување на љубовта и му кажа ДА на својот избраник.
Таа избра прстен во форма на солза што убаво ѝ прилега.