Пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на излез од Куманово.
Според информациите на МВР, автомобил „тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.С.(45) од Скопје, удрило во пешакот Д.В.(73) од Куманово. На местото на настанот починал пешакот.
Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.