Темер: Договорена интервенција кај границата со Венецуела

Бразилскиот претседател Мишел Темeр изјави дека постигнал договор со гувернерот на државата Рораима, Суели Кампос, за федерална „интервенција” во бразилскиот регион што граничи со Венецуела.

Темер синоќа соопшти дека тој и гувернерот дошле до заклучок дека мирна интервенција ќе биде најдобриот начин за смирување на ситуацијата во Рораима, каде голем број мигранти од Венецуела влегоа во изминатите месеци.

Засега не е познато што подразбира таа интервенцијата.

Треба да знаете
Последни објави