Приведена Бугарка за посредување при проституција

Полицијата во Тетово приведе бугарска државјанка за посредување при вршење проституција.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 10:00 часот во Тетово на улицата „120″, од страна на полициски службеници од СВР-Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „посредување при вршење проституција” приведена била Ј.Н. (47) од Република Бугарија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави