Тинејџер го загубил видот од играчка која сите ја имаме
Тинејџер од Тасманија, изгуби 75 проценти од видот, играјќи си со ласер, пренесе австралиски ABC. Докторите ги предупредуваат родителите дека постои опасност кога ласерот ќе се впери во очи. Четиринаесетгодишниот тинејџер доби трајно оштетување „играјќи“ си со оваа опасна играчка.
Задниот дел од неговите очи имал ласерски изгореници, што значи дека успеал да ја согори зеницата. Тинејџерот во моментот на инцидентот не почувствувал болка, бидејќи неговиот вид бил оштетен истиот момент. За жал сега, ниту наочари не може да му помогнат.