Исчезнал пред 5 години но го пронашле во џунгла: Сите мислеле дека е мртов, но тој успеал да преживее!
Канаѓанин кој исчезнал пред пет години, пронајден е 6.500 километри одалечен од својата дом во амазонската џунгла.
Антон Пилипа исчезнал од Ванкувер 2012 година а во последните пет години тој пропешачил два континенти – најчесто бос.
Го забележал канадски полицаец кој мислел дека е просјак. Немал лична карта но со помош на амбасадата утврдено е од каде е. Неговото семејство останало без надеж дека ќе го види повторно, но сепак тие добиле среќен повик.
– Бев воодушевен. Се помирив дека е починат, но никогаш не престанав да се надевам. Длабоко во себе верував дека е жив – рекол неговиот брат Стефан.
Поранешниот хуманитарен работник кој боледувал од шизофренија, успеал да пропатува најмалку десет земји, вклучувајќи ги Америка, Панама и Аргентина, без пасош и багаж.
Стефан рекол на новинарите дека неговиот брат имал цел да стигне во Националната библиотека во Буенос Аирес, но кога пристигнал таму бил вратен поради документација. Антон во 2011. година бил обвинет за напад, но неговото семејство не верува дека исчезнувањето има некаква поврзаност со тоа.
Поттикнат од тоа Антон го продолжил патувањето во Бразил каде и е пронајден. Неговото семејство објавило оглас со награда од 12.000 долари за оној кој ќе го пронајде. Антон преживеал јадејќи овошје и бобинки а алишта барал и собирал по контејнерите. Исто така рекол дека преживеал благодарение на великодушноста на луѓето.
Амазон е полн со отровни пајаци и змии, не спомнувајќи ги опасните диви животни, но и покрај се Антон успеал да преживее.
За ББС изјавил цека никогаш не се почуствувал осамено. Многу размислувал и спиел на отворено, лесно е да се живее кога не се потребни многу работи.
Тој е во моментов во Торонто, живее со семејството и е на лекување за шизофрнеијата.