Некои од овие потези сами ги перципираме како грешки, а некои така ги доживуваат луѓето околу нас, иако ние не се чувствуваме лошо за тоа што сме го направиле.
Тоа што е заедничко за сите „грешки“ е тоа дека за нив никогаш не треба да жалиме, бидејќи на долгорочен план тие се добри за нас.
1. Сте се заљубиле во погрешна личност.
Можеби тоа не им звучи логично на сите, но понекогаш едноставно не сфаќаме што заслужуваме, сè додека не пробаме нешто што дефинитивно не е добро за нас. Жените често се заљубуваат во мажи кои не се доволно добри за нив, кои не ги почитуваат и не се однесуваат кон нив така како што треба.
Секако, не треба да се грижите, бидејќи тоа може да се промени, а кога таков маж ќе ви го скрши срцето, ќе станете свесни колку вредите. Затоа, никогаш немојте да жалите за пропаднатите врски со погрешни личности, бидејќи тие често ќе ве научат како да го препознаете вистинскиот партнер којго заслужувате.
2. Сте дале отказ од работното место.
Всушност ова е еден од потезите кои во денешно време околината најчесто ги осудува. Меѓутоа, ако не сте задоволни со работата која ја работите, без оглед на тоа дали е добро платена или не, имате право да побарате среќа на некое друго работно место, што и да мислат другите за тоа. Заслужувате прилика во која ќе ги остварите целите и ќе работите на сопствено усовршување, затоа нема потреба да жалите по напуштената работа која ве правела несреќни.
3. Сте научиле да кажете „Не“.
Во нашиот круг на пријатели и членови од семејството, често се вовлекуваат луѓе кои всушност не ни мислат ништо добро. Нив ги нарекуваме „токсични“ луѓе, а меѓу главните карактеристики, тие луѓе имаат изразена негативна енергија, потреба за критикување, постојано осудување на туѓите постапки и себичност.
Токсичните луѓе кои не се дел од нашиот затворен и одбран круг, полесно е да ги отстраните од животот, но кога тие се наши пријатели или членови од семејството, тогаш е многу потешко да се ослободиме од нивното негативно влијание. Меѓутоа, ако сте собрале храброст, сте успеале тоа да го направите и сте научиле да им кажете „Не“, тогаш нема за што да жалите. Во таква ситуација, останатите луѓе од блискиот круг понекогаш нè наговараат да им дадеме втора шанса или пак ни замеруваат за нашите постапки, но немојте да им замерувате. Тоа што сте го направиле не е грешка, туку паметен и решителен потег.