Хави Каљеха (40) повеќе не е тренер на Виљареал. Овој млад тренер, на клупата на „жолтата подморница“ нешто повеќе од 14 месеци. Отказ доби поради серијата на лоши резултати и последниот пораз на домашен терен од Селта (2:3).
„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа, посветеност и професионалност и му посакуваме среќа во понатамошната кариера“, стои во клупското соопштение.
Минатата сезона Виљареал ја заврши на петтата позиција во Примера. Меѓутоа оваа сезона екипата е далеку од вистинската форма. „Подморницата“ има освоено само 14 бода и се наоѓа на 17.место на табелата.