Полицаец прегазил и усмртил домашно милениче, вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, Г.С.(38) управувајќи службен автомобил „Шкода јети“ вчера околу 15 часот на улицата 50 Дивизија удрил и усмртил куче. Кучето било од расата хавенезер, сопственост на М.К.(57) од Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот, а известен е и Одделот за внатрешна контрола со цел расчистување на случајот.