ДУИ: Дебарчани да бидат трпеливи, нов градоначалник на следните вонредни локални избори

По смртта на Ружди Лата, Дебар сè уште нема нов градоначалник. ДУИ ги повикува Дебарчани да бидат трпеливи до следните вонредни локални избори.

„Ружди Лата беше еден од подобрите градоначалници, високо почитуван во својата средина, и веројатно, еден од најзаслужните за развојот на Општина Дебар. Токму затоа и неговите сограѓани, во два наврати, му ја дадоа довербата да ја предводи нивната општина како Градоначалник на Дебар. За жал неговата прерана смрт го спречи да го доврши својот втор мандат и да ги реализира проектите за кои доби мандат. Граѓаните на општина Дебар ќе мора да бидаат трпеливи до наредните предвремени локални избори во оваа општина, за да повторно изберат градоначалник по сопствена волја и убедување и да ја совладаат коалицијата создадена помеѓу малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ДУИ.

Политиката, додаваат од партијата, понекогаш ги надминува моралните стандарди, и согласно политичките агенди, понекогаш ќе мора да ја прифатиме и оваа неморална одлука на малите опозициски парти од албанскиот блок и ВМРО-ДПМНЕ, во смртта на Ружди Лата да го пронајдат сопствениот политички успех.

„На граѓаните на Дебар сакаме да им порачаме да почекаат неколку месеци, кога, по сила на закон, на избори, малите опозициски партии од албанскиот блок заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја проверат довербата за оваа нивна авантура, токму со вас – граѓаните на Општина Дебар“, велат од ДУИ.

Треба да знаете
Последни објави