Денеска во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски ги засади првите 14, од вкупно 60-те садници, како придонес во подобрувањето на животната средина на граѓаните. Тие се засадени долж новата пешачка патека, која ја поврзува ул. ,,Бутелска,, со спортската сала ,,Антон Димитров,,
Градоначалникот Смилевски, во својата изјава додаде дека бројот на садниците постојано ќе се зголемува на целата територија на Општината. Во наредниот период ќе се средува и задниот двор на детската градинка, чија ограда се граничи со новоизградената пешачка патека. Исто така, во иднина со изградбата на нови пешачки патеки и улици, паралелно ќе се засадуваат и нови листопадни и зимзелени дрва.