Никој не знае подобро од главниот шеф на ресторанот да го исече кромидот и тоа брзо и без солзи.
Јутјуб-готвачот Џек Скалфани им покажа на своите следбеници како да исечат кромид без да им солзат очите.Оставете го кромидот во лушпа и обидете се да пронајдете соодветен нож. Тапите ножеви само ги влошуваат работите, па потрудете се вашиот нож да биде остар. Најдете го срцето на кромидот и исечете круг околу него. Кога ќе го направите ова, само извлечете ја средината од кромидот. Потоа, можете безгрижно да сечкате кромид без солзење на очите.



